Здрав, суров, вкусен, едноставен за подготовка леден смути десерт ...

* Бананата се лупи, се крши на помали парчиња и се става да се замрзни.
* По неколку часа кога бананата е добро замрзната но не ептен тврда, се става во нутрибулет или некој друг моќен блендер.
* Се додаваат замрзнатите (без коски) вишни, се блендира неколку секунди и готово. Сега уживајте!

Доколку овие состојки ги блендирате во моќен сечко, ќе добиете прекусен и прездрав сладолед (ова е еден вид подготовка и предизвик за претстојниов топол период, :) ...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани