Пченкарното брашно и белото брашно измешајте ги заедно. Додајте сув квасец, сол, шеќер, оригано, додајте топла вода и замесете тесто.
Маслинките исечете ги на кругчиња.
Во тестото додајте ги маслинките, премачкајте со зејтин и оставете на топло место да стаса.
Стасаното тесто наредете го во тепсија и оставете уште да стаса.
Стасаното лебче намачкајте го со јајце, наросете со сусам и оригано.
Печете ги лебчиња во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани