Една вкусна идеја за омлет, кој има вкус на пица. Бидејќи моето тавче е со помала големина, јас ги правев преклопени омлетите. Доколку добиете, поголема палачинка омлет, можете истиот да го замотате како ролат.
Најпрво, спремете ги омлетите. За еден омлет потребни се три јајца. Матете ги јајцата, посолени и наросени со мелен црн бибер. Се додека, не се направат како пена. Оваа густина на омлетот, потоа го прави повоздушест и лесно се витка, видете во плус слики како треба да изгледа смесата. Пржете го омлетот на малку намрснето и загреано нелепливо тавче
Сега пригответе го филот. На маслиново масло, пропржете ги печурките и печеницата, потоа додадете ги и ситно сецканите суви домати. Пржете до заруменување, па зачинете со суво оригано и сув босилек.
Филување на омлетите. Секој омлет премачкајте го со доматното пире, па врз него нарендајте кашкавал. Врз кашкавалот ставете од филот и преклопете го омлетот.
Прицврстете го омлетот со чепкаллки, за да не ви излегува филот на надвор. Врз омлетот ставете ги парчињата ајдамер и наросете малку сусам. Префрлете ги омлетите, на намрснето тавче и печете ги во загреана рерна околу десетина минути на 200степени или додека не се растопи кашкавалот.
Одлично оди во комбинација со кечап, мајонез и гвакамоле!
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови