Праската измиена и исечена на парчиња се става во чаша за Нутрибулет.
Портокалот се цеди и сокот се става во чашата заедно уште со млекото и медот.
Се миксира до хомогена каша.
Се додава чиа семето и се затвора, па се става во фрижидер да отстои барем еден час.

Пијалокот се истура во 2 чаши подеднакво и во секоја се става по едно топче сладолед од карамела.
Одозгора се украсува со чоколаден прелив, чоколадни трошки или чоколадни струготини.

Доколку сакате уште поладно, додадете и неколку коцки мраз.
Уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани