1. Рерната се вклучува на 200 степени уште пред да се почне со работа.
2. 7-8 керамички шолји за кафе се намрсуваат со масло и се набрашнуваат, па се редат во плех.
3. Чоколадото се топи над пареа.
4. Маргаринот нека биде сосема мек, на чекор до топење.
5. Маргаринот и шеќерот се матат први.
6. Потоа се додаваат јајцата и ванилата и се мати убаво и темелно, да се добие пенеста жолта смеса. Потоа се додава брашното и се мати убаво да се соедини.
7. На крајот се додава стопеното чоколадо и се мати пак со миксер да се соедини целата смеса.
8. Шолјите се полнат со смесата, но да не бидат сосема полни, затоа што колачот ќе нарасне во печењето.
9. Се пече точно 11 минути на температура меѓу 180 и 200 степени, во зависност од рерната ако е појака се пече на 180, ако е послаба на 200, но во секој случај се пече точно 11 минути.
10. После печењето, колачите се оставаат да одморат точно 2 минути.

Добар апетит!

Кога ја гледав подготовката на колачов онлајн, бев доста скептична околу печењето во шолја, зашто речиси секаде печеа во калапи за мафини. Бидејќи се’ уште немам таков калап, ја избрав оваа варијанта и воопшто не згрешив. Колачите се превкусни, сочни, со крцкава кора... Фантастичен десерт, кој дефинитивно заслужува да се испроба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови