Еве во редот на кугловите нека стои и овој рецепт, сочен, ароматен, вкусен,од регијата на Далмација...
 
Пандишпанот
- Измешајте ги во сад брашното, пецивото, бадемот и оставете настрана.
- Со миксер пенесто изматете ги јацата со шеќерот и ванилата, постепено додавајте од јогуртот и миксајте со најниската брзина од миксерот, потоа наизменично додавајте од маслото и измешаното брашно. Измешајте повторно, на крај додадете прстофат сол, сокот од мандарините и изренданата кора од мандарина и лимон. Измешајте да добиете еднолична смеса.
- Добиената смеса ставете во подмачкана и со брашно посипана модла за куглоф, нека се пече околу 40 мин. во претходно загреана рерна на 180 степени.
Сируп
- Одмерете шеќерот и исцедениот сок, ставете нека се на тивко вари. Треба да добиете густина на сируп. 
Испечен колачот (Куглоф) извадете од рерната, малку нека олади, потрудете се да го извадите, повторно вратете во модлата и залијте со сирупот. Значи не треба да чекате да се потполно олади куглофот, нека е топол, а нека е топол и сирупот...
Напомена
За мене лично кога и да го правам, малку ми е сируп и варам повеке која количина ја користам залевајки го парчето кое веке е спремано за послужување. Многупати во недостаток на мандарини, за сирупот цедам и сок од портокал.
Рецепт од драгата Зринка која користам прилика да ја поздравам за нејзината несебичност при делењето на нивните прекрасни Далматински рецепти кои секогаш будат љубопитност да навратиме и во нивната кујна, да вкусиме што тоа толку убаво приготвуваат 

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани