Ова е идеален рецепт за подготовка на пилешко месо за оние кои не консумираат јајце.

Најпрво во млекото додаваме една лажица оцет и го остваме да постои 10-тина минути. А за тоа време со сечеме стекот на парчиња и ја спремаме смесата за панирање. Корнфлексот заедно со лебните трошки и сите зачини го ставаме во сецко, да се иситни и измеша. Го ставаме во длабока, широка чинија.

Парчињата месо ги ставаме во млекото, па во смесата за панирање. Притиснуваме убаво за се обложат, па ги редиме во плех обложен со хартија за печење.

Печеме на 180 степени околу 25 минути. Не треба да се превртуваат парчињата.

На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови