Брз, интересен и вкусен десерт.
Крушите поделете ги на половина, ако можете со се дршката. Исчистете ги од семките.
Направете си шаблон во форма на круша со лист. Од прилика да има плус два цм од крушата.
Плочката лиснато тесто расучете ја, ама не многу тенко.
Со помош на шаблонот исечете четири парчиња од тестото. (Останатото тесто можете да си го посолите и испечите)
Поставете ја крушата на средината. Одоколу крушата премачкајте го тестото со јајце и наросете го со измешаниот шеќер со циметот.
Печете во загреана рерна на 180 степени.
Можете да го послужите со сладолед, да го прелиете со чоколадо, по ваша желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови