Овој рецепт е стар рецепт од дневникот со рецепти на мајка ми и секогаш кога правиме крифни ги правиме по овој рецепт. Навистина се многу убави, вкусни и меки.

Во еден сад ги ставаме топлото млеко, квасецот и шеќерот и мешаме додека не се растопи квасецот.

Потоа ги додаваме останатите состојки јајцата, зејтинот, солта и постепено додаваме од брашното и месиме меко тесто што не се лепи за рацете.

Вака месеното тесто го премачкуваме со масло и садот го прекриваме со најлонска фолија или кесе и го оставаме да нарасне.

Откако ќе нарасне тестото го делиме на неколку дела од кои расукуваме кора и со кружно калапче или чашка вадиме кригови.

Ги прекриваме и ги оставаме да нараснат околу 10-15 минути, па ги пржиме во врело масло.

Полнење

Во еден сад на оган налеваме 500мл. млеко,100гр.како во прав,100гр.чоколадо,околу 200гр.шеќер и откако ќе зоврие ставаме предходно приготвен 2 лажици полни густин раствотен во 100мл ладно мелко,па го додаваме во садот и мешаме постојано додека не се згусти како пудинг.
Потоа го тргаме на страна и го оставаме да се олади да биде млако па му додаваме 50гр.маргарин.

Готовите крофни ги полниме со приготвениот крем и по желба ги наросуваме со шеќер во прав.

Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови