Тесто
- Во сад ставете брашното со пецивото, додадете ги на коцки исечениот путер, шеќерот и павлаката. Замесете тесто кое ќе го ставите во кеса и потоа во фрижидер да одстои најмалку еден час за да се олади и добие цврстина која ќе овозможи полесна работа.
Додека стои тестото, исчистете ги кајсиите од семките, а потоа спремете го филот.
Фил
- Изматете ја белката во цврст снег.
- Во сад измешајте ги крем сирењето или урдата со шеќерот, ванилата, брашното, измешајте, потоа додадете го снегот од белката.
Оформување
- Извадете го тестото од фрижидерот и одвојте од него 1/4 од кое тесто ќе оформите ленти, но вратете го пак во фрижидерот.
- Расукајте го тестото и постелете дното на модлата подигајки ивиците околу 1 см.. набоцкајте го дното со вилушка, истурете го филот, наредете врз него располовените кајсии со долната страна нагоре. Извадете го останатото тесто, расукајте кора и исечете пошироки ленти бидејки лесно се прекинуваат и така ќе ви биде полесно да ги поставите.
Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени додека лесно не зарумени.
Печена посипете со шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани