За Крокети
Компири сварете во лушпа, очистите ги и истолчете,додајте брашно, јајце сол,убаво промешајте.
За фил
Кромидот испржете го, додајте ја дробената кисела зелка (може и пресна ако немате кисела) попржете малку и додајте го вргањот, посолете додајте сув зеленчук.
Со намастени раце земете од тесто,  ставете внатре фил и направете во форма на триаголник.  Извалкајте ги во презела и сусам.
Пржете во голема количина на масло. Маслото треба да биде врело.
Пржените крокети послужете со кечап и мајонез по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани