Во касерола налеваме вода и ги ставаме компирите да се варат.
Сварени ги процедуваме и ги оставаме малку да се изладат.
Потоа со вилушка ги пасираме, додаваме сол, бибер, пециво, брашно, маст и жолчка.Јас ставив и лут буковец.
Со рака ја месиме сместа.
Формираме долги ремени и ги сечеме на парчиња.
Ги пржиме на загреано масло на умерен оган.
Ги редиме врз хартиени салфети.
Кај нас беа како прилог на пржен пилешки џигер со праз и чипс од лути, суви и везени пиперки

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани