Мојата омилена комбинација, тесто со фил од праз.
Пробајте многу меко, вкусно.....
Прво на загреано масло го ставаме ситно сецканиот праз да се пржи.
Пред крај ја додаваме лутата ситно сецкана пиперка и таа малку да се запржи.
Тргаме од оган, зачинуваме, јас ставам многу бибер, така ми е поубаво, нека се подизлади, па ги додаваме сирењето и јајцата.
Филот ни е готов.
Сега во топлата вода го ставаме квасецот, малку брашно, шеќерот, промешуваме и нека се активира.
Потоа го додаваме јогуртот, јајцето, солта, маслото.
Убаво го соединуваме сето.
Сега постепено го додаваме брашното и замесуваме средно меко тесто.
Го покриваме и нека одмори само 10 минути.
Го делиме на два дела.
Секој дел го сучиме во правоаголна кора, ја премачкувамме со маргарин и виткаме ролат.
Сега добиениот ролат го преклопуваме на три пати, прво од лево кон средината, па од десно кон средината (како на сликата)
Постапката е иста со второто тесто.
Сега го земаме првото парче тесто, го расукуваме во долга правоаголна форма, ставаме половина од филот и виткаме ролат.
Го сечиме на половина и ги ставаме двете парчиња во плех.
Постапката е иста и со другото парче тесто.
Ги премачкуваме со изматено јајце, наросуваме сусам, киснат 15 минути и ги печиме околу 30 минути на 200 степени.
Ги вадиме на кујнска решетка, да се подизладат па сечиме и сервираме со јогурт.
( лажам, јас уште врело, пресеков 3 парчиња и ги пробав, хахах)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани