Квасецот се меша со шеќерот, малку брашно, водата и млекото и се става во садот во кој што ќе се меси за да се активира. Потоа се додаваат маслото, жолчките, павлаката, солта и постепено брашното и се замесува меко тесто.
Кога ќе се формира, работната површина се набрашнува и тестото се удира од неа барем 30 пати. Нема потреба да се остава да стаса, самото стасува во текот на работата. Кога е убаво месено, се дели на 25 делчиња. Сите тие се расукуваат на најтенки корички. Секоја коричка се премачкува со омекнат маргарин и по пет од нив се редат една над друга, со што ќе се формираат големите кори. Последната коричка не се премачкува.
Кога ќе се расука големата кора, се сече на краци, се полни со фил и се виткаат кроасаните.
Кога ќе бидат готови, се оставаат 10 минути да одморат, се премачкуваат со белка, па се печат во загреана рерна на 180 степени. После печењето, се премачкуваат со маргарин, се покриваат со крпа и најлонска кеса и се оставаат малку да се изладат. Одлично одат со какао. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови