- Во сад ставете 2 лажици од маслиновото масло да се загрее, додадете го сецканиот кромид и пржете околу 6-8 мин. потоа додадете го сецканиот лук и коријандерот - нека се само пропржи за минутка време. Додадете го исчистениот и исецкан карфиол, бујонот и водата, ставете да се вари на тивок оган онолку време колку да омекне карфиолот. Изблендирајте. Доколу сметате дека добиената чорба е густа, слободно разредете онолку колку вие според ваш вкус ја сакате. Овкусете со сол и бибер.
- На остатокот од маслото (една лажица) кое ќе го ставите да се загрее на тивок оган, ставете ги исецканите јаболки да се пропржат. Тавата да е доволно широка за да се во еден слој. Промешувајте ги повремено и пржете додека не почнат да добиваат боја (околу 5-7 мин.)
Посипете врз нив шеќерот и продолжете да ги пржите додека почне да се топи шеќерот. Додадете во овој момент од зачинот кари, промешајте и тргнете од огнот. Преместете ги на тањир и разредете ги за да не се залепат едни за други, нека оладат.
Сервирајте топлата чорба посипувајки со дел од карамелизираните јаболка, сецканиот лешник и магдонос.
Овие карамелизирани јаболка го даваат вкусот кој ја прави чорбата интересна збогатувајки го нејзиниот вкус.
Напомена
Оваа количина на состојки е доволна за 8 порции.
Јаболката можете наместо на коцки, да ги сечете на помали и потенки кришки.
Лешникот дава свој придонес на вкусот доколку се потпечени и исецкани.
- Кога се вареше карфиолот ставив и морков (ова не е по рецептот) истиот не го блендирав туку го исецкав на коцки...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани