Подготовка
Путерот се става на огин да се растопи. Откако ќе се растопи во него се додава брашното и се меша да не загори. Откако ќе се изедначи, се додава млекото и се меша со жица за матење. Штом се растопи смесата од брашното и се се претвори во хомогена смеса, се додава кашкавалот и се меша на тивок огин додека не се растопи истиот.
На крај се додава малку сол (во зависност од вкусот и соленоста на кашкавалот) и буковата сол за оние кои сакаат малку лут вкус.
Сосот се служи топол, но може и ладен (како што е во мојот случај) со готови начоси или домашно изработени - за оние кои знаат да ги подготват.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани