Една од најлесните салати за подготовка кога наеднаш ќе ти се најават гости. Толку е вкусна а со богат изглед што сите кои ја пробале ме прашуваат, што има внатре, како ја правиш и кога ќе им кажам дека се само неколку состојки и дека ја правам за 15 минути не им се верува. Препорачувм користење на мали макарончиња или други тестенини со помала големина, поубаво ќе изгледа салатата, иако вкусот е ист.

Подготовка

1. Сварете ги макароните како и обично.
2. Во меѓувреме, исечкајте ги на коцки саламата и киселите краставички.
3. Исцедете ги и оладете ги макароните.
4. Потоа ставете ги макароните во поголем сад и додадете ги саламата и корнишоните и измешајте.
5. Додадете ги павлаката и мајонезот и нежно промешајте. Доколку е потребно додадете уште мајонез.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови