Превкусен колач кој може да го послужите како торта или како коцка.

Постапка

Сварете го пудингот во литар млеко и 250 г шеќер. Мешајте постојано додека да згусне па оставете убаво да излади.

Изматете го пенесто путерот со ванилиниот шеќер, па додадете го во оладениот пудинг. Добиената смеса поделете ја на три еднакви дела.

Во првиот дел ставете го растопеното чоколадо и мелените лешници, во вториот кокосот, а во третиот мелените бисквити.

Редете вака-основата бисквити, па чоколаден фил, па ред бисквити, па фил со мелени бисквити, ред бисквити па фил од кокос, па ред бисквити и на крај целата торта ја украсувате со шлаг.

Колачот покриен оставете го во фрижидер да преноќи за да омекнат бисквитите.

Јас користев правоаголно тавче и ги редев бисквитите 3по5, значи 15 бисквити за еден ред, потрошив вкупно 60 бисквити за редење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови