Салатата се сервира како предјадење, убава на око и многу вкусна. Од кога ќе се направи салатата убаво е да постои така во садот и во фрижидер за да прими од сите вкусови, потоа се полнат авокадо лушпите.

За 4 порции

1. Авокадото се дели на половина и се вади месото полека. Лушпите се чуват. Се пасира со вилушка или со рачен блендер.
2. Јајцата се сецкат на помали коцки.
3. Во сад се меша авокадото, јајцата, ракчињата ( малце од ракчињата се става на страна за декорација ) павлаката, мајонез и сок од лимон. Се меша убаво.
4. Се зачинува салатата со црвена пипер, сол и бибер и сецкан копар.
5. Се полнат лушпите од авокадото со салатата и се декорира со ракчиња и сецкан копар.
Лепчињата се вадени со срцинја со модла, прскани со маслиново масло и подпечени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови