Крамбл е јадење од ирската кујна и може да се прави во слатка и солена варијанта. Слатката варијанта се прави со овошје по избор и ронливо тесто.

1. Јаболката излупете ги, исчистете ги и исецкајте ги на коцки.
Со малку путер намачкајте два садови за крамбл.

Јаболката се мешаат со шеќерот,пудингот,румот и се ставаат во подготвените садови.
2. Во меѓувреме се прави ронливото тесто.
Сите состојки се мешаат и се тријат со дланките за да се добијат трошки а не компактно тесто.
Трошките рамномерно се се распоредуваат во садовите со јаболка.
3. Крамблот се пече во загреана рерна на 200 степени,околу 15-20 минути односно додека трошките не почнат да добиваат румена боја.
Се чека малку да се олади па се послужува.

Совет
Ако не сакате со рум, можете да пробате со цеден сок од лимон.
Се јаде со сладолед, прелив од ванила...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови