Брзи и едноставни коцки, малку збогатени со вкусот на брусница и мед.
Најпрво се ставаат во тенџере на тивок оган шеќерот, медот и маргаринот. Се меша, да се растопи и малку (2-3минути) одкако е растопен шеќерот да проврие.
Се трга на страна и се додава чоколадото исецкано на коцки, се меша и тоа да се растопи.
Се додавата бисквитите, брусницата и се излева во калап обложен со најлонска фолија. Одозгора се прелева со растопено чоколадо и некоја лажица масло.
Почекајте убаво да се стегне, па потоа сечете на коцки или штангли.
Забелешка - малку се незгодни за сечење, заради брусницата. И исто така кој не сака многу благо може и да отфрли една состојка- или шеќер, или мед.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови