- Прво пригответе го месото. Кромидот и лукот заедно со зачинките додавајки го и сенфот,  изблендирајте ги. Додадете кај месото, измешајте, пробајте на вкус. Ако е потребно до овкусете. Испржете ја панцетата и откако ке се олади заедно со мрснината додадете кај месото - измешајте. Додадете го сецканиот на коцкички кашкавал, измесете и оставете да се одмори. Ова може да го спремите одвечер и да го оставите месото добро да се одлежи и за тоа време сите вкусови ќе бидат соединети, а месото убаво и меко за оформување. Оформете мали кофтиња, по ваш избор, испржете ги или наредете во тавка да се потпечат.
Сос
- На малку масло ставете ги кромидот, тиквичката и морковот исецкан да се продинстаат малку, потоа долијте со вода и нека се сварат (не ставајте многу вода) потоа изблендирајте ги, додадете во сосот павлаката за готвење.
Доколку ги пржите во самата тавка ставете го сосот, овкусте со зачинките и дозволете да проврие сосема малку. Потоа ставете со тавката во рерната да се кратко подзапече, а доколку ги печете кофтињата во рерната, само отворете и залијте со сосот.
Нека се пече сето тоа заедно кратко време.
Јас понекојпат не ги ставам ниту во рерна, само така залијам и да проврие колку да се соединат состојките, а и вака печени во рерна - морам да ви кажам дека има разлика - во рерна е некако повкусно.
 

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани