Познатите стари добри шишарки.....Им ја сменив формата, за да бидат помали....да можиме да се засладиме без да мислиме - леле колкаво беше блакцето што го изедов... ))))

На тивок оган се растопуваат маргаринот, шеќерот, чоколадото, медот, се‘ додека не се добие еднолична смеса.Се трга од оган малку да олади.

Во длабок сад се мешаат корнфлексот, оревчињата, сувото грозје.
За подобро да се поврзат состојките, корнфлексот може малку да се издроби со оклагија.Се полеваат со течната смеса и се убаво се соединува.

Од уште топлата смеса се обликоваат шишарките во сад за цедење лимон, или пак се полнат хартиени корпиња.Изборот е ваш... ))))

Убаво нека се изладат, па сладете се...

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани