Копанисти или грчка крем - салата (дип), на вкус кремаста, солена, мерак за сечие непце.
Јас ја правев со пиперки од тегла, нешто како нашите пеглани пиперки. Значи самите пиперки се веќе кисели и не доставав оцет. Доколку ставате обични печени (и лупени) пиперки тогаш доставете едно лажице оцет.

Подготовка
Сирењето и пиперките исечкајте ги покрупно и заедно со сите состојки ставете ги во мулти - практик или сецко и измиксајте. Готово. Спремно за послужување. Поедноставно неможе да биде.

Напомена
Не претерувајте со миксањето да не добиете густа каша.

Салатава или дипот најдобро одговара со крекери или пита - леб, а јас ја сакам и во комбинација со свеж зеленчук (моркови, краставица, домати...).

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани