Ова е салата што самата ја намислив за Велигден. Бидејќи секогаш имам премногу јајца за Велигден, морав да бидам креативна и да најдам начин да ги потрошам сите тие јајца. Ова е совршена салата, која исто така може да служи како лесен ручек. Ја подготвувам многу пати за пријатели, сите ја обожаваат. Добро оди и со вино.

Подготовка

1. Се варат јајцата и компирите ( јас ги варам заедно). Нека се оладат по варењето.
2. Земете поголема длабока чинија. Прво изрендајте ги компирите на крупната страна на рендето. Додајте сол, малку масло и оцет.
3. Потоа додадете го кромидот и промешајте.
4. Нанесете го мајонезот.
5. Одозгора изрендајте го сирењето.
5, Завршете со рендани јајца. Посипете црн пипер.

Некогаш редоследот на состојките ми е обратен, нема правила.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови