1. За преливот
- во млакото млеко се става квасецот со шеќерот и брашното и се остава да се активира.
- кога е надојден квасецот се додава солта и маслото.
2. Додека се чека преливот се подготвува филот на следниов начин
- празот се сецка и се става да се динста со малку вода и потоа се запржува
- кога е омекнат празот, садот се трга на страна и се додаваат изварката и јајцата и се заедно се меша. Се посолува според вкусот.
3.Постапка
- Во плех покриен со пек хартија се става една кора и со четка се мачка со преливот. Така се редат три кори секоја намачкана со преливот. Потоа се става четвртата кора и врз неа се реди филот.
- Постапката е иста и со останатите кори (секоја се мачка со прелив).
- Последната кора исто така се мачка со преливот.
Вака подготвен коматот се пече во заграна рерна на 200 степени околу триесет минути или во зависност од рерната може и малку повеќе.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови