Подготовка на подлогата - долниот дел од колачот.
Во калап (30х11) ставите најлонска фолија. Бисквитите искршете ги на помали парчиња.
Слатката павлака загрејте ја, но не да зоврие, додајте ги двете чоколади и мешајте додека се стопат и смесата убаво се изедначи. Додајте ги кршените бисквити и убаво измешајте. Ставете ги во калапот и израмнете ги со помош на лажица.
Сега подгответе го филот.
Желатинот ставете го во вода да набубри.
Чоколадото и слатката павлака стопете ги на тивок оган. Мешајте убаво да се изедначи смесата. Додајте го желатинот и измешајте го да се растопи.
Смесата оставете ја да олади, да биде млака. Тогаш додајте го крем сирењето, измешајте да нема грутчиња и смесата турете ја над подлогата. Оставете ја неколку часа да се стегне. Филот е доволно цврст така да може да го оставите во фрижидер или на собна температура, секако ќе се стегне. Извадете го од калапот и декорирајте со изматена слатка павлака.
 Забелешка
За колачот употребив млечно чоколадо, поточно киндер јајца бидејќи имав такви за трошење, а може да си употребите и црно или бело чоколадо.
Шеќер воопшто не ставив зашто млечното чоколадо само по себе си е благо а и слатката павлака содржи шеќер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани