Кората се спрема стандардно.
Се матат јајцата, се додаваат шеќерот и ванилата, па врелата вода и на крај матејќи со најамла брзина на миксерот се додава брашното и пецивото.
Се печи во калап со пречник од 30 см.
Се печи во загреана рерна за време од 20-25 мин. на 180 степени, или проба-до сува чепкалка.
Се остава да се излади и се сечи хоризонтално на две половини.

За филот се матат јајцата со шеќерот и ванилата, се додава брашното и млекото. Се' убаво се миксира, соединува и се става на тивок оган да се вари до згустување со постојано мешање. Кога е готово се додава чоколадото и се меша додека се стопи.
Се остава да се излади.

Слатката павлака се мати цврсто и нежно се соединува со изладениот фил.
Се додаваат ренданите банани и убаво се меша да се соедини.

Со дел од филот се премачкува едната кора, па се става втората и цел колач се премачкува со преостанатиот фил.
Одозгора се ренда чоколадо.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани