Мирисен, влажен и сунѓерест колач кој со својот мирис и вкус ни дава до значење дека навлегуваме во зимскиот празничен период од годината.

Подготовка
1. Лешниците и бадемите ги мелеме.
2. Тиквата ја рендаме и со околу 100 мл вода кратко ја вариме колку да омекне.
3. Ги соединуваме брашното, меленото јаткасто овошје, шеќерот, пецивото, ванилиниот шеќер, зачините, сечканиот кандиран ѓумбир и кората од портокал.
4. Овде ги додаваме жолчките, млекото и маслото. Мешаме енергично со лажица, да се спојат сите состојки.
5. Во друг сад ги матиме белките во цврста состојба како снег и внимателно ги додаваме кон претходната смеса при што внимаваме при мешањето за да ни остане смесата воздушеста.
6. Во тавче со димензии 35х25 см ја истураме смесата и ја печеме во загреана рерна околу 20 минути на 200 степени. Со чепкалка пробуваме дали смесата ни е печена.
7. Наросуваме шеќер во прав и сервираме откако ќе се излади колачот.

Забелешка
Ако многу ви пушти течност тиквата при варење исцедете ја.
Доколку не ви е тавчето Делимано, намрсете и набрашнете го.
Од вас зависи кои и која доза на зачини, како и кандиран ѓумбир ќе ја ставите во колачот, јас ставив како што е напишано и вкусот беше таман, а не премногу интензивен. Ама се разбира дека тоа што ми е мене таман, некому му е малку и обратно, затоа откако еднаш ќе го направите ќе знаете за следниот пат со кои зачини да го збогатите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани