Во сад за матење ставете ги јајцата и шеќерот.
Матете додека станат пенести.
Потоа со континуирано матење на најмала брзина додајте ги млекото и маслото.

На крај додајте ги ванилата, пецивото и брашното.
Измешајте убаво со жица за матење.

Поделете ја смесата на два дела.
Во едниот дел додајте го рогачот и измешајте.

Во округол калап (претходно премачкан со масло и набрашнет) ставете ја смесата без рогач.
Ставете да се запече на 180 степени.
Потребно е малку дури фати коричка за да може да премачкате со путерот од кикирики.

Извадете го калапот од рерна и премачкајте ја кората со путерот од кикирики претходно измешан со сецканите солени кикирики.
Одозгора ставете ја смесата со рогач и вратете да се допече.

Времето на допечување зависи од печењето на рерната 15-20 минути.
Најдобро проверувајте со чепкалка.

Испечениот колач оставете го да се олади, а потоа посипете го со шеќер во прав и премачкајте со мармалад.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани