Прво јаболката ги лупиме, ги сечиме на кришки.
Во тава ставаме путер, масло, кришки јаболка, цимет и шеќер.
Пржиме на умерен оган 5-6 минути, односно додека јаболката не омекнат и не испари нивниот сок.
Оставаме на страна да се изладат.
Земаме две ванглички и ги делиме белките од жолчките.
Во жолчките ставаме половина количина на шеќер и матиме да побелат.
Ги матиме и белките со остатокот на шеќер.
Со лесни движења ги спојуваме белките со жолчките, наизменично додавајќи јогурт, брашно и пециво.
Соединетата смеса ја истураме во правоаголна ростер тава за печење.
Врз смесата ги редиме пржените кришки јаболка.
Печиме во загреана рерна околу 25 минути.
Врз топлиот колач ставме сецкано чоколадо.
Оставаме да се излади, па сечеме парчиња и сервираме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани