Вкусен мирисен колач :)
Јајцата се матат со ванилата и шеќерот.
Постепено, матејки се додава маслото.
Потоа се додава киселото млеко.
Се вмешува и брашното со пецивото.
Се додава бананата.
Се излева смесата во два помали или еден поголем правоаголен калап.
Од горе по површината, со благи притискања се редат тенки парчиња јаболко.
Се наросуваат сецканите оревчиња.
Се наросува со по малку ванила.
Се пече во загреана рерна околу 50 мин. на 180 степени, или печите зависно од вашата рерна. Се пробува со чепкалка.
Нека убаво излади и исечете на парчиња.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани