Се матат јајцата со ванилата и шеќерот.
Се додава маслото, па киселата павлака и на крај брашното помешано со пецивото.
Се излева во намрсен и побрашнет тркалезен калап со пречник од 26 цм..
Се пече во загреана рерна на 180 степени околу 30 мин.
Се остава да се излади, па се сечи на ромбови.

За преливот се зовриваат водата, шеќерот, ванилата и маргаринот.
Потоа се додава чоколадото и какаото и на тивко се меша додека се убаво се растопи и добие еднолична, мазна смеса.
Може и да се процеди низ цедалка за да биде ептен фина.))))
Се остава да подизлади, но да биде топла и се полева кексот.
Откако ќе се впие во тестото, може да се нароси со кокос.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани