Едноставен колач, многу брзо се прави, без миксер...
Бананите изгмечете ги и додајте го путерот и јајцето. Измешајте убаво.
Додајте ја киселата павлака, шеќерот и ванилата.
Брашното измешајте го со содата и пецивото и додајте го во смесата.
Исчистените цреши пресечете ги на половина и измешајте ги со 2 лажици брашно.
Во смесата додајте ги чоколадните капки и на крачот црешите.
Помал правоаголен калап покријте со хартија и во него турете ја смесата.
Печете на 180 степени околу четириесетина мин. Проверете со чепкалка.
За преливот, црешите изблендирајте ги, прецедете ги, додајте го шеќерот и кратко сварете го сокот. Изладете го.
Кога е колачот печен и изладен, прелијте го со сосот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови