Сува торта или круша-бадем торта.

Едноставна и вкусна.
Начинот на подготовка е овој.

Во еден сад ги мешаме сувите состојки брашното, содата, пудингот и бадемите.
Во друг сад заедно со шеќерот ги матиме јајцата пенесто.
Додаваме и ванилин шеќер.
Се додава маслото, минералната вода и постепено се доставаат сувите состојки.
Крушата се мие и се чисти од семките.
Се сецка на коцки.
Смесата ја префрламе на намастен плех илипак на хартија за печење и врз неа попрскуваме од парчињата круша.
Тавата ја печеме 25 минути во загреана рерна.
После 25минути проверуваме дали е печена.
Оставаме да излади, па ја попрскуваме со многу малку шербет.
Врз шербетот веднаш додаваме парчиња јадро сецкан бадем.
Служиме ладно со филџан кафе.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови