Едноставни состојки, малку повеќе работа, ама се добива интересен изглед.
Белките избијте ги со солта.
Путерот избијте го со шеќерот и додајте ги една по една жолчките. Додајте го брашното и нишестето, изматете го убаво и во смесата додавајте од белките миксирајки.
Поделете ја на два дела.
Во едниот додајте го ванилиниот шеќер, а во другиот какаото.
Подгответе тава за печење со димензии отприлика 25*25 цм.
Ставете хартија за печење.
Рерната загрејте ја на 250 степени.
Печете на најгорната решетка.
Во тавата ставете 3-4 лажици од белата смеса. Размачкајте ја преку целата тава. (имајте на ум дека и белата и црната смеса треба да се подели на три дела)
Ставете ја тавата во загреаната рерна и печете 2-3 минути.
Извадете ја и преку белата смеса ставете 3-4 лажици од темната смеса.
Повторувајте ја постапката додека има од смесата.
На крајот, оставете го колачот да се излади.
Краевите пресечете ги. Целиот колач пресечете го на 8 идентични ленти.
Ќе видите на сликите, земете една лента, од страната премачкајте ја со мармалад, до неа ставете друга лента од обратната страна и така една до друга ставете 4 ленти.
Целата постапка правете ја врз најлонска фолија.
Кога ќе ги ставите првите 4 ленти, одозгора премачкајте ги со мармаладот, па повторете ја постапката со преостанатите четири, само што ќе бидат во обратен правец.
Мислам дека од сликите ќе ви стане појасно .
Завиткајте го колачот со фолијата и ставете го во фрижидерот да се стегни.
Одозгора прелијте го со чоколадо и украсете го по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови