Во сад ги ставаме јајцата, шеќерот, мастта која е отстојана на собна температура. Додадете го и киселото млеко, содата, ванилата, пециво и со постепено додавање на брашно замесете средно накај меко тесто. Тестото поделето го на два дела во едниот додадете го какаото.
На плех обложен со хартија или премачкан со масло, со помош на шприц за тулумби правете форми на ружички во иста или мешана боја на тестото. Тестото треба малку потешко да излегува од шприцот, но ако сте го направиле потврдо и не може да излегува ништо страшно. Додадете по една лажица од киселото млеко во тестото да го опуштите, но внимавајте не треба да е толку меко.
Печете во загреана рерна на 200 степени додека да поруменат подоцна намалете на 180 . Кога се готови валкајте во шеќер во прав.
Да напоменам од ова количина на состојки излегуват два плека од електричен шпорет ако ви е многу можете да ги преполовите состојките.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови