Ова се традиционални Чешки колачи.

- Од наведените состојки се замесува средно меко тесто. Се остава да кисни 2 часа, во меѓувреме два пати се премесува.
- Стасаното тесто се дели на 12 дела. Од секој дел се формира топче на кое во средината со дното на филџан се формира вдлабнатина.
- Состојките за филот се соединуваат. Во секоја вдлабнатина се става една полна лажица фил, притоа благо се порамнува. Над филот се става 1 лажичка од мармаладот од сливи.
- Се мешаат брашното, шеќерот во прав и путерот. Со приготвената ровка смеса се посипуваат колачите. Краевите се премачкуваат со изматената жолчка. Се оставаат да дојдат уште 30 минути.
- Се печат 20-25 минути на 180 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови