Во подлабок сад изматете го пенасто маргаринот со шеќерот, ванилата и ѓумбирот. Додате го брашното и афионот и со рака замесете тесто.
Тестото оставете го во фрижидер половина час.
На побрашнета површина расукајте кора околу 0,5 цм дебелина.
Со калапче вадете колачиња и редете ги во тавче во кое предходно сте ставиле хартија за печење.
Печете во загреана рерна на 170 степени 15 минути.
Печените колачиња оставете ги да се изладат и лепете ги по две со мармалад. Јас ставив од сливи а вие можете по желба и друг.
Ставете ги во кутија за колачи и можат да стојат долго.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови