Во Велес има традиција кога мало дете ќе почне да оди му прават постапалки колачи и ги носат кај роднини или комшии.
Мојата ќеркичка почна да оди и јас решив да ги направам овие колачиња.
Во едно вангличе сипете брашно, додајте шеќер, јајца, маргарин, мед, пециво, кората од лимон изрендајте ја и ѓумбирот исто така изрендајте го. Замесете тесто.
Завиткајте го тестото во најлон и ставете го во фрижидер на половина час.
Изладеното тесто рассукајте го во кора приближно 1 см и со калапче сечете колачиња.
Наредете ги колачињата на тепсија постелена со хартија за печење и ставете да се печат на 200 степени 20 минути.
Готови колачи посипете ги со шеќер во прав.
Многу убави и ароматични колачи, кога ги правев цела куќа мирисаше.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови