Едноставни, но многу вкусни, со посебен шмек...)))

Меденото срце и бисквитите се мелат. Јас го користев нутрибулетот. Значи меденото срце не е целосно мелено, туку во ронки.
Маргаринот се растопува и се додава во мелените состојки.
Потоа се додава и џусот и се’ убаво се изедначува.

Чоколадото се топи над пареа.
Ако е црно одат 3 лажици, а ако е бело оди 1-2 лажици масло. Сепак тоа зависи од видот на чоколадото. Јас употребив и млечно чоколадо и во тоа оди 1 лажица масло.
Калапите се премачкуваат со четче. Откако ќе се здрви чоколадото се полнат со смеса. Се затвораат со чоколадо. Се ставаат во длабоко замрзнување убаво да се стегнат, некои 15-30 мин.. Потоа се вадат и готово.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани