Едноставно и брзо, декоративно и баш за денов.
Замесете ги сите состојки во едно убаво и мазно тесто.
Развлечете кора со дебелина од еден прст,па со помош на калапче вадете форми на срце.
Редете на плех што не лепи или на хартија за печење и печете веднаш во загреана рерна.
Белките, лимонот, шеќерот во прав и бојата изматете ги добро. Декорирајте ги изладените колачиња.
Јас сите ги обоив, а мојата ќерка си поигра со неколку од колачињата,па ги декорираше на свој начин.
Среќен нека е денот на вљубените

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови