Освежителна торта. Дојде сезона на јагоди, да приготвиме некој рецепт.
За подготовка на пандишпанот во еден сад ставете ги јајцата и шеќерот и изматете ги пенесто. Потоа додадете го брашното и прашокот за пециво и промешајте убаво.
Во калап бр. 24 ставете ја смесата и печете на 180 степени проверувајки со чепкалка.
Готовиот пандишпан пресечете го на два дела да добиете две кори или доколку имате време печете ги одделно за да не морате да сечете.

Во длабок сад ставете го млекото и додадете му 10 супени лажици шекер а во друг сад разматете го пудингот со малку млеко.
Во млекото кое врие истурете го пудингот и мешајте додека се згусне, тргнете на страна и веднаш додадете го маргаринот.
Откога ќе се растопи маргаринот додадете го кокосот и промешајте убаво, а потоа веднаш филувајте не треба да чекате да се лади филот.
Во калап ставете го едниот пандишпан, врз него половина од филот, наредете половинки јагоди, а потоа додадете ја останатата половина од филот и вториот пандишпан.
Оставете да се лади на собна температура 1 час, а потоа ставете ја тортата во ладилник.
За декорација,шлаг кремот се мати убаво и се премачкува цела торта се ставаат парченца јагоди.
На здравје !!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови