Се подготвува црниот дел на тој начин што во мелените бисквити се додава чоколадото, ванилата и млекото и се замесува.
Се расплескува врз хартија за печење.

За белиот дел се мати маргаринот убаво, пенасто, се додава еурокремот и се соединува со миксирање. Се додава и кокосот. Се’ убаво се соединува. Се нанесува врз кафеавата кора. Се витка ролат.

Одозгора се посипува со малку кокос. Се става во длабоко замрзнување околу 30 мин., па се сечи.
Потоа се остава во ладна просторија да се просуши.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови