Најпрво силиконските калапи ги обложуваме со чоколадо. Чоколадото го растопуваме на пареа, со неколку лажици масло и ги премачкуваме калапите. Чекаме да се стегне чоколадото, па ја повторуваме постапката 2-3 пати.
Слатката павлака ја ставаме во тенџере на оган да се загрее, но не да врие. Во неа го додаваме белото чоколадо исецкано на ситни парчиња. Мешаме да се растопи, го тргаме од оган и го додаваме кокосовото брашно. Мешаме да се соедини и да се олади.
Со оваа оладена смеса ги полниме силиконските калапи (не сосема до горе) па дополнуваме со растопено чоколадо.
Оставаме повторно да се стегне чоколадото и ги вадиме од калапчињата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови