Сварените компири заедно со шеќерот изматете ги, малку да побелат.
Маргаринот измиксајте го и измешајте го со компирите. Додадете го румот.
Потоа, ставете го кокосот. Зависи од видот на компирите, од влажноста, може да ви треба повеќе од кокосот. Во секој случај, смесата не треба да е сува.
На мало плехче, прекриено со фолија, ставете ја смесата и формирајте ја во правоаголна форма. Ставете ја во фрижидер да се стегне.
На крајот исечете форми и чоколадирајте ги.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови