Во еден сад на оган го топлиме млекото.

Откако ќе се стопли го ставаме квасецот да се растопи, ги ставаме шеќерот, солта и екстрактот од ванила.

Во сад каде што ќе го месиме козињачето ставаме прво малку брашно (околу 200гр.), го додаваме топлото млеко и путерот и постепено по потреба додаваме брашно.

Месиме средно меко тесто,па го оставаме да нарасне околу 40 минути.

За тоа време го спремаме филот.

На пареа во еден сад го ставаме чоколадото (од него вадиме 2 реда за од горе) и 3 лажици масло да се растопи.

Па потоа во чоколадото ги додаваме толчените ќикирики и промешуваме.

Откако ќе нарасне тестото го расукуваме во кора и го распределуваме филот низ целото тесто и мотаме во ролат.

Го ставаме во калап за куглов предходно премачкан со масло.

Се печи во загреана рерна на 180 С некаде околу 40 минути.

Од горе го премачкуваме со чоколадо и го наросуваме со кикирики.

Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови