Превкусна киш пита,пробајте ја!
Лиснатото тесто се остава убаво да се одмрзне на собна температура. Потоа се развлекува кора и се става во намастено тавче за тарт, па се боди на неколку места со вилушка.
Фил
Сецканата панцета се пржи на оган и се додаваат полукругови тиквичка и сецкан морков. Се заедно се пржи на средно силен оган околу пет минути. Се додаваат зачините. Готовиот фил се става врз кората тесто.
Прелив
Јајцата се матат и се мешаат со јогуртот и потоа се прелева филот.
Киш питата ја печеме во загреана рерна на 200 степени околу 35 минути.
Се чека малу да олади и се служи.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови