- Сланината исечете ја на коцки.
- Кашкавалот исечете го на коцки или изрендајте на крупната страна од рендето.
- Магдоност исецкајте го.
- Во помала модла ставете хартија за печење, сосема малку намрснете. Првио ставете ја сланината, врз неа кашкавалот, врз кашкавалот магдоносот.
- Со миксер изработете ги јајцата со солта, додадете ги двете врсти на млеко, измешајте, додадете го брашното и 1/2 лажичка пециво. Измешајте, истурете врз магдоносот.
- Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, зависно од рерната е и должината на печењето. Кога ќе заруменее одозгора - кишот е испечен.
- Извадете од рерната, нека олади малку, потоа извадете и превртете, долниот дел од кишот треба да биде горен.
- Доколку сакате можете да го и декорирате со кисела павлака или едноставно го служите со павлака, кисело млеко или јогурт. Тој е како што велам јас - лицалија... обожаватели сме на кишовите и овој е еден од омилените ни.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани