Мошне меки и вкусни кифлички, топло ви ги препорачувам Ч)

Брашното го ставаме во длабок сад во кој ќе месиме.
Во средината правиме вдлабнатинка и го рониме квасецот, додаваме 1 лажиче шеќер и малку топло млеко. Убаво промешуваме, да добиеме кашеста маса. Чекаме да се активира (да запени).
Го додаваме маслото, јајцето, солта и другите 2 лажичиња шеќер.
Со додавање на млекото, замесуваме средно меко тесто, кое не се лепи на рака.
Премачкуваме со масло и оставаме да го дуплира волуменот.
Потоа тестото го делиме на 8 топчиња. И повторно ги оставаме да надојдат-одморат 15-20 мин.
Од секое топче отвораме кора.
Четири од корите премачкуваме со маргарин (исто и тој го делиме на 4 дела), а со другите четири поклопуваме. Значи добиваме 4 кори.
Секоја кора ја делиме на 8 дела. Вкупно добиваме 32 кифли.
На секој дел ставаме фил.

За филот го пасираме сирењето и ја додаваме шунката и убаво соединуваме. Виткаме кифла.
Ги редиме во намрсен плех. Ги премачкуваме со разматено јајце и наросуваме со сусам.
Оставаме да надојдат 20-30 мин.
Ги печиме во загреана рерна околу 20 мин. на 200 степени.
Нежно премачкуваме со четче со водичка и ги задушуваме.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани